Посета на библиотеката од градинките од Радовиш по повод месецот на книгата

Во рамките на одбележувањето на Месецот на книгата, Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш и ЈОУДГ ,,Ацо Караманов" од Радовиш и денес продолжија со заеднички активности.

Денес библиотеката организирано ја посетија децата од предшколска возраст од клонот ,,Изворче" кои од страна на вработените во библиотеката беа запознати со работата на истата, нејзината дејност и функција, библиотечниот фонд и можностите за користење на услугите од библиотеката.

Галерија

Поврзани вести