Започна десеттиот,,Саем на книги 2017"

Во рамките на одбележувањето на месецот на книгата и 60 годишнината од постоењето на библиотеката, денес во Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш започна десеттиот по ред Саем на книгата.

За значењето на овој значаен културен настан и воопшто за библиотеката и нејзиното шест децениско постоење и работење, пред присутните зборуваше градоначалникот на Општина Радовиш г-дин Герасим Конзулов кој и го прогласи саемот за отворен. Инаку, во склоп на саемот поместени се и неколку интересни содржини кои ќе можат посетителите да ги видат во текот на одржувањето на истиот а за одбележување се: Мини изложбата на народни носии на Валентина Пецанова насловена како ,,Традиционално наследство на Ињево", Промоцијата на најновиот роман ,,Другата Марта" на детскиот автор Горјан Петревски како и настапот на музичкиот кант-автор Јовица Илиќ. Во поглед на понудата на книги, со свои понуди од различни жанрови учестувааат десеттина издавачки куќи од Република Македонија кои во наредните пет дена на посетителите во библиотеката ќе им понудат богат и разновиден избор од книги и други најразлични изданија на сликовници, боенки, лектирни изданија, разговорници, речници и слично.

Галерија

Поврзани вести