КРЕАТИВНИ УМОВИ СОЗДАВААТ МОЖНОСТИ ЗА РАБОТА

Проектот „Креативни умови создаваат можности за работа" е амбициозен проект кој има за цел да ги поддржи невработените лица од општините Радовиш и Конче во подобрување на нивните вештини со цел подобро да ги препознаат можностите за работа. Овој проект библиотеката го спроведе во партнерство со женската невладина организација „Женска акција“ и Граѓански креативен центар „Креа„ за да поттикнат проактивен пристап на невработените лица во потрага и создавање на можности за работа преку следните активности:
 
  • Курс за основни компјутерски вештини
  • Две интерактивни обуки (како да аплицираат за работно место)
  • Креирање на веб-страница за невработени во рамките на постоечкипт веб-сајт на библиотека.

Проектот директно ќе опфати најмалку 60 невработени лица од општината, на возраст од 20 - 40 години. 

Опис на проектот

Според статистичките податоци, околу 20% од населението во Радовиш и Конче се невработени. 38,8% од сите невработени се од женски пол, додека 49,7% од нив се луѓе на возраст од 20 -40 години. Овој долгорочен проблем во општината е резултат на бавен и недоволен економски развој, недостатокот на квалификувана работна сила и недостаток на претприемачки проактивен пристап на младите луѓе. На поширок план, проблемот е исто така, предизвикан од економијата на земјата во целина (невработеноста стапка во Македонија е 35%). Затоа, создавање на нови можности за работа е главен приоритет на Стратешкиот план за ЛЕР 2007-2011, од двете општини Радовиш и Конче.

Библиотеката како сервис на граѓаните, е на располагање на граѓаните со различно образование, возраст, пол и етничка припадност и е во состојба да помогне околу овој проблем на локална та заедница. Исто така, официјалниот образовен систем во земјата се уште не дава на младите луѓе знаење како да бидат иновативни и да го покажат сопствениот потенцијал на најдобар начин, кога аплицираат за работна позиција во компаниите.

Преку проектот беше набавена ИТ опрема (13 лап топ компјутери, мултифункциски принтер) и беше поставена WI-FI мрежа преку која се подобрија интернет услугите во библиотеката.

Покрај опремата од Фондацијата на Мелинда и Бил Гејтс библиотеката доби и софтвер во вредност од 42.000 УСД. Со проектот беше планирано да се обучат 60 невработени лица, но поради големиот интерес со проектот се обучија 82 лица, од кои 61 жена и 21 маж. Од нив 39 (47,56%) од 82 учесници во обуката најдоа постојано или привремено вработување.

За потребите на невработените лица беше изготвена веб страна за олеснет пристап до информациите. Благодарение на проектот бројот на посетители во библиотеката се зголеми за 40%.
Во Јуни 2011, во Прага од страна на ЕРСТЕ фондацијата библиотеката ја доби престижната награда за социјална интеграција 2011 во вредност од 16 000 ЕВРА.
Повеќе за резултатите на проектот може да прочитате од извештајот подоле...

Слики од проектот