Проект финансиран од страна на ЕИФЛ

Проектот „Креативни умови создаваат можности за работа“ е амбициозен проект финансиран од страна на ЕИФЛ преку ПЛИП програмата, кој ги поддржа невработените лица од општините Радовиш и Конче во подобрување на нивните вештини со цел подобро да ги препознаат можностите за работа. За потребите на невработените лица беше изготвена веб страна за олеснет пристап до информациите, и беа организирани обуки за основни компјутерски вештини, интерактивни обуки (како да аплицираат за работно место). Со обуките директно беа опфатени 87 невработени лица од општината, на возраст од 20 - 40 години.
Овој проект беше реализиран во партнерство со невладините организации „Женска акција“ Радовиш и Граѓански креативен центар „Креа“.
Во Јуни 2011, во Прага од страна на ЕРСТЕ фондацијата библиотеката ја доби престижната награда за социјална интеграција 2011 во вредност од 16 000 ЕВРА.

Слики од проектот