22-24-2019| 46 Караманови поетски средби

Од утре започнува традиционалната манифестација 46 Караманови поетски средби која годинава се организира во знакот на големиот јубилеј „1000 години Радовиш“.
Во пресрет на 46 ти „Караманови Средби,“ најавуваме  богата културно уметничка програма која ќе се случува во Центарот за култура „Ацо Караманов“ и Библиотеката „Браќа Миладиновци“ Радовиш.
Во рамките на програмата ќе бидат доделени три награди: Европска награда за поезија „Ацо Караманов“, која годинава му се доделува на големиот шпански и светски поет Хусто Хорхе Падрон; Балканска награда за поезија „Ацо Караманов“ што ја добива хрватскиот поет Валерио Орлиќ за поетската книга „Обележувам ѕвезди“; и Наградата „Караманов“ за најдобра книга од македонски автор, која годинава ја добива Даниела Андоновска Трајковска за книгата „Електронска крв“.
НА 22 Ноември, по свеченото отворање на 46 Караманови средби од 18, 00 часот ќе се отвори Изложбата на големиот македонски сликар Ниче Василев. Изложбата ќе ја отвори писателот Борче Панов.
Годинава ќе бидат промовирани и три поетски книги -„Бакнежот на судбината“ од Раде Силјан, за чиј опус ќе зборуваат Паскал Гилевски и Љубинка Донева; „Дождови – 90 песни“ од култниот современ македонски поет Матеја Матевски, а омаж за поетскиот опус на Матевски ќе зборува приредувачот на оваа книга и уредник, Раде Силјан; како и на наградената поетска книга на хрватскиот поет Валерио Орлиќ „Обележувам ѕвезди“, за која ќе зборува Борче Панов.