30-10-2019| Општински натпревар Млади библиотекари 2019

Денес во просториите на Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш се одржа дваесеттиот по ред општински натпревар „Млади библиотекари 2019“. На натпреварот зедоа учество 20 ученици од Основните општински училишта: „Никола Карев,“ - Радовиш, „Крсте Петков Мисирков“ - Радовиш, „Гоце Делчев“ - Конче,  „Коста Рацин“ Подареш, „Орце Николов” од  Ињево.
По разгледувањето на прашалниците и постигнатите индивидуални резултати на учениците, комисијата  констатира  дека:
          Прво место освои Давид Јанев, осмо одделение  од ООУ „Орце Николов“ од Ињево.
          Второ место освои Сања Ѓеоргиева, IX-2  од ООУ „Никола Карев“ од Радовиш..
         Третто место  освои Катерина Манчевска, IX-1 од ООУ „Никола Карев“ од Радовиш.
На Републичкиот натпревар „Млади библиотекарри“ кој ќе се одржи на 15 ти ноември во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје  ќе учествува Давид Јанев, осмо одделение од ООУ „Орце Николов“ од Ињево.

Галерија