Да растеме со бајките на Андерсен

        Библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Радовиш ја реализираше Манифестацијата  „Растеме со бајките на Андерсен“ наменети за најмладите читателии и се вклучи во одбележување на Светскиот ден на книгата на детето, кој се прославува на денот на раѓањето на големиот дански писател Ханс Кристијан Андерсен творецот на Малата сирена, Грдото пајче и други бајки кои го одбележаа детството на милиони деца ширум цел свет.
Бајките на Андерсен станаа дел од заедничката свест на човештвото и затоа со Одлука на УНЕСКО во 1967 година 2 април се востанови како Светскиот ден на книгата на детето, со желба на најмладите читатели да им се испрати порака за магијата на книжевната инспирација и за важноста за развивање на љубов кон  пишаниот збор.
          Имајќи во предвид дека бајките на Андерсен не застареваат туку стануваат се поинтересни за генерациите кои доаѓаат, Библиотеката подготви програма за децата од предучилишна и училишна возраст.
Денес децата од претшколска возраст имаа можност да погледнат видео проекција од бајката „Грдото пајче“ и во рамките на работилницата „Да ги обоиме грдото пајче и убавиот лебед“ со своите креативни рачиња и нивната имагинација беа творци на илустарции на сликовница „Грдото пајче“. Истата приказна  им беше претставена во нарација на Оливера Балоска Марчетиќ и Игор Чапов. Дечњата имаа можност да се запознаат со детскиот писател Стојан Тарапуза и да му постават прашања.
Во продолжение на манифестацијата за учениците од прво до петто одделение од основните општински училишта беа читани бајките: „Девојчето со кибритчиња“ и „Царевото ново руво“.Беа прочитани повеќе мудри мисли и животни поуки од Андерсен од неговите познати бајки.  Учениците имаа можност да слушнат за животниот пат на Стојан Тарапуза, за неговиот творечки опус и стихови од неговата поезија.  
 

Галерија