06-11-2018| Општински натпревар Млади библиотекари 2018

Денес во просториите на Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш се одржа деветнаесеттиот по ред општински натпревар „Млади библиотекари 2018“ год. На натпреварот од пријавените 25 учествуваа 24 ученици од Основните општински училишта: „Никола Карев,“ - Радовиш, „Крсте Петков Мисирков“ - Радовиш, „Гоце Делчев“ - Конче,  „Коста Рацин“ Подареш, „Орце Николов” од  Ињево.
За регуларноста на натпреварот се грижеше комисија која работеше во следниот состав :
        1. Станој Петров – претседател (ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш),
        2. Иванка Соколова – член (ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш),
        3. Аце Евтимов – член   (ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш).
По разгледувањето на прашалниците и постигнатите индивидуални резултати на учениците, комисијата  констатира  дека:
          Прво место освои Сања Георгиева, осмо одделение  од ООУ „Никола Карев“ од Радовиш.
          Второ место освоени Глорија Ристова, деветто одделение од ООУ ,,Гоце Делчев” од село Конче.
         Третто место  освои Катерина Манчевска, осмо одделение од ООУ „Никола Карев“ од Радовиш.
На Републичкиот натпревар „Млади библиотекарри“ кој ќе се одржи на 16 ти ноември во Демир Хисар од Радовиш ќе учествува Сања Георгиева, осмо одделение  од ООУ „Никола Карев“ Радовиш.
 

Галерија