04-10-2018| Библиотеката ја одбележа светската недела на детето

Светската недела на детето, која започнува секој прв понеделник во месецот октомври во сите земји во светот, Општинската народна Библиотека „Браќа Миладиновци“ во соработка со ЈДУ ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш ја одбележа со креативна работилница во која учествуваа 23 деца - големата група од клон Детско изворче. Годинава Светската недела на детето се одвива под мотото „Градиме мостови, чекориме кон иднината“ и кон таа насока се одвиваа активностите под менторство на воспитувачите од оваа градинка. Децата ја разгледаа библиотеката, се запознаа со начинот на зачленување и нивните права и обврски при користењето на детски книги и друга литература.

Галерија