02-10-2018| Поетски портрет на Борче Панов

Во  организација на Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш во присуство на голем број вработени во јавните библиотеки од Република Македонија кои присуствуваа на дводневната работилница „Дигитални библиотеки“ и пред љубопитната радовишка публика беше претставен поетскиот портрет на роднокрајниот автор Борче Панов. За творештвото на поетот, поетскиот јазик и иновативниот лиризам зборуваа еминентни критичари: Д-р Лорета Георгиевска, Д-р Христо Петрески, Д-р Мишел Павловски и Мирко Марковиќ, советник по библиотекарство од Р. Србија

Галерија