Конкурс за најдобра литературна творба

ОПШТИНСКА НАРОДНА БИБЛИОТЕКА ,,БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ” - РАДОВИШ 

Во чест на Меѓународниот ден на жената 8-ми Март, распишува:

КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА НА ТЕМА:
,,МАЈКАТА НАЈУБАВИОТ ЦВЕТ ВО ДОЛИНАТА НА МОЕТО ДЕТСТВО”

 

Пропозиции:


На конкурсот може да учествуваат ученици од V до VIII одделение од Општинските основни училишта од општините Радовиш и Конче и тоа со по една творба.


Конкурсот е од награден карактер а најдобрите три творби, ќе бидат прочитани и наградени на 07-ми Март 2014 година на пригодна активност при одбележувањето на Меѓународниот ден на жената во просториите на ОНБ ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш со почеток од 10 часот.


Творбите, до организаторот (библиотеката), ќе треба да се пристигнат најдоцна до 6-ти март 2014 година на следнава адреса:

ОНБ ,, Браќа Миладиновци” - Радовиш
ул. ,,Илинденска” бр. 12
Р а д о в и ш

Поврзани вести