РЕЗУЛТАТИ ОД ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ КОНКУРС РАСПИШАН ЗА КНИЖЕВНАТА НАГРАДА „АЦО КАРАМАНОВ“ ЗА 2022

         По објавувањето на меѓународниот конкурс за најдобри поетски ракописи за доделување на престижната и веќе традиционална книжевна награда „Ацо Караманов“ 2022 од страна на Советот на Карамановите средби и ОУ Центар за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш на која се јавија 179 поетски ракописи од познати поети од целиот свет, селекторите за оваа книжевна награда, познатите македонски писатели Борче Панов и проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, имаа тешка задача да ги одберат најдобрите.
Во првата фаза беа одбрани вкупно 43 најдобри поетски ракописи од познати автори во светот со завидно книжевно реноме и потврдени книжевни вредности.
Водејќи се од почитта која ја заслужуваат овие извонредни поети кои можат да бидат носители на највисоките книжевни награди во светот, Советот на Карамановите средби одлучи да објави и да отпечати посебна книга – АНТОЛОГИСКИ ИЗБОР од сите овие 43 извонредни светски поети помеѓу спаѓаат поетите (дадени по азбучен ред):
Адел Козам (Обединети Арапски Емирати)
Али Ал-хазми (Саудиска Арабија)
Алисја Куберска (Полска)
Алваро Мата Гиже (Коста Рика – Мексико)
Антон Баев (Бугарија)
Арјан Калчо (Албанија)
Балаз Атила (Романија)
Барбара Грушка-Зих (Полска)
Беатрис Сааведра (Мексико)
Константин Северин (Романија)
Елизабета Баљи (Италија – Шпанија)
Емилио Паз (Перу)
Евит Бахар (Индонезија)
Флорентина Лоредана Далијан (Романија)
Франциско Муњоз Солер (Шпанија)
Џорџ Валас (САД)
Хусеин Хабаш (Курдистан – Германија)
Ирма Курти (Албанија – Италија)
Џернаил Ананд (Индија)
Хозе Едуардо Декрација (Бразил-Италија)
Јури Талвет (Естонија)
Кама Сијор Каманда (Конго)
Мансур Норбакаш (канада)
Мариела Кордеро (Венецуела)
Марлене Пасини (Мексико)
Масудул Хок (Бангладеш)
Милица Миленковиќ (Србија)
Мурат Јурдакул (Турција)
Панкури СИна (Индија)
Реј Бероа (Доминиканска Република)
Роберто Марзано (Италија)
Рудра КИншук (Индија)
Санкар Саркар (Индија)
Шота Јаташвили (Грузија)
Су Жу (Нов Зеланд – Кина)
Тин Лемац (Хрватска)
Тземин Итион Тсаи (Тајван-Кина)
Јудај Шанкар Џурџај (Бангладеш – Велика Британија)
Виктор Радун Теон (Србија)
Косијат Рустамова (Узбекистан)
Јин Шјиаојан (Кина)
Јурај Толентино Хевија (Куба)
Џанг Џи (Кина)
 
Во втората фаза од селекцијата на најдобрите, селекторите Борче Панов и проф. д-р Даниела Андоновоска-Трајковска извршија најтесен избор од 16 поети поети кои ќе бидат наградени со посебни признанија од Советот на 49 Караманови средби: Адел Козам (Обединети Арапски Емирати), Алваро Мата Гиже (Коста Рика – Мексико), Константин Северин (Романија), Елизабета Баљи (Италија – Шпанија), Емилио Паз (Перу), Џорџ Валас (САД), Џернаил Ананд (Индија), Хозе Едуардо Деграција (Бразил-Италија), Јури Талвет (естонија), Мансур Норбакаш (Канада), Мариела Кордеро (Венецуела), Мурат Јурдакул (Турција), Рудра Киншук (Индија), Шота Јаташвили (Грузија), Јин Шјиаојан (Кина) и Џанг Џи (Кина).
Во последната фаза, селекторите имаа најтешка задача да го одберат најдобриот. Имајќи ги предвид исклучителните естетски и стилски карактеристики, тие одлучија носители на годинешната Интернационална книжевна награда за поезија „Ацо Караманов 2022“ да бидат:
1.ХОЗЕ ЕДУАРДО  ДЕГРАЦИЈА од Бразил-Италија за поетскиот ракопис „ОСУДЕНИТЕ ГРАДОВИ“ и
2.КОНСТАНТИН СЕВЕРИН од Романија за поетскиот ракопис „ЖИВОТОТ НА СЛИКАРИТЕ“.
И двата ракописи ќе бидат објавени двојазичнно (на англиски и на македонски јазик) во една заедничка книга.
 
И двете книги – Антологискиот избор и книгата со поезија од наградените автори ќе бидат објавени од страна на издавачот за овие изданија Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ Радовиш.
 
 
 
49 КАРАМАНОВИ СРЕДБИ
 
Селектори по меѓународниот Конкурс
 „Ацо Караманов
Борче Панов и
проф.д-р Даниела Андоновска-Трајковска