• СОВРЕМЕН МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН СЕРВИС НА ГРАЃАНИТЕ СО КОМПЛЕТНА ТЕХНИЧКА ОПРЕМЕНОСТ И РАЗНОВИДЕН КНИЖЕВЕН ФОНД

  • ЦЕНТАР НА СИТЕ ЕДУКАТИВНИ ЗБИДНУВАЊА

  • ЧИТАЛНА И ДЕТСКО КАТЧЕ ЗА НАЈМАЛИТЕ ЧИТАТЕЛИ

  • ОДБЕЛЕЖАНИ 60 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕ И КОНТИНУИРАН РАЗВОЈ НА БИБЛИОТЕКАТА

Народна библиотека „Браќа Миладиновци“ - Радовиш

Прилагодувајќи се кон динамичните промени во општеството и предизвиците на новото време библиотеката „Браќа Миладиновци“ се транформира во мултифункционален информативен граѓански центар, којшто покрај редовното промовирање на книгата и збогатувањето на културниот простор на општината, нуди и многу други услуги наменети за граѓаните.

Активности

Новости

Делегација од општина Радовиш во посета на Велика Плана

На покана на збратимената општина Велика Плана, делегација од општина Радовиш предводена од градоначалникот Герасим Конзулов, во периодот од 8 до 11 мај, присуствуваше на свеченоста организирана по повод одбележувањето на денот на општина Велика Плана.

Прочитај повеќе

Да растеме со бајките на Андерсен

Библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Радовиш ја реализираше Манифестацијата „Растеме со бајките на Андерсен“ наменети за најмладите читателии и се вклучи во одбележување на Светскиот ден на книгата на детето, кој се прославува на денот на раѓањето на големиот дански писател Ханс Кристијан Андерсен творецот на Малата сирена, Грдото пајче и други бај

Прочитај повеќе

Здраво живо Баба Марта

Денес Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ беше домаќин на манифестацијата „ЗДРАВО ЖИВО БАБА МАРТА“ која е дел од програмата на одбележувањето на јубилејот - 1000 години Радовиш. Манифестацијата започна со настапот на нашиот кантавтор Јовица Илиќ со изведба на наградената композиција „Радовиш е само песна“ а веднаш потоа следуваше и

Прочитај повеќе

24-11-2018| ​ВО ТЕК Е ОДРЖУВАЊЕТО НА 45 КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ

По синоќешното свечено отварање на Карамановите поетски средби во Центарот за култура ,,Ацо Караманов", денес библиотеката „Браќа Миладиновци“ е местото каде е собрана поголама група на еминентни странски и македонски поети.

Прочитај повеќе

16-11-2018| Освоено трето место на Републичкиот натпревар по библиотекарство

На 16.11.2018 година во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар се одржа деветнаесеттиот Републички натпревар „Млади библиотекари“. На натпреварот учествуваа и се натпреваруваа 21 учесници од основните училишта на Република Македонија.

Прочитај повеќе