Обемниот и квалитетен книжевен фонд на Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш, од денес е збогатен со најновите изданија на Издавачките куќи ,,Наша култура" и ,,Антолог" од Скопје кои им стојат на располагање на љубителите на добрата книга.
Под покровителство на Општина Радовиш и Министерството за култура на Република Македонија, а во организација на Советот на караманови средби при Центарот за култура „Ацо Караманов“, во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во тек е 44 традиционална манифестација „КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ“.
По успешно завршениот ,,Саем на книгата 2017", од денес во Општинска народна библиотека почнаа да пристигаат новитетите од најинтересните наслови од белетристика од издавачките куќи кои со свои штандови беа учесници на саемот.
Денес напладне, со присуство на голем број ученици и наставници од Општинските основни училишта во Општина Радовиш, во Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш промовиран беше најновиот роман на познатиот детски писател Горјан Петревски.
Во рамките на одбележувањето на месецот на книгата и 60 годишнината од постоењето на библиотеката, денес во Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш започна десеттиот по ред Саем на книгата.
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.