• СОВРЕМЕН МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН СЕРВИС НА ГРАЃАНИТЕ СО КОМПЛЕТНА ТЕХНИЧКА ОПРЕМЕНОСТ И РАЗНОВИДЕН КНИЖЕВЕН ФОНД

  • ЦЕНТАР НА СИТЕ ЕДУКАТИВНИ ЗБИДНУВАЊА

  • ЧИТАЛНА И ДЕТСКО КАТЧЕ ЗА НАЈМАЛИТЕ ЧИТАТЕЛИ

  • ОДБЕЛЕЖАНИ 60 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕ И КОНТИНУИРАН РАЗВОЈ НА БИБЛИОТЕКАТА

Народна библиотека „Браќа Миладиновци“ - Радовиш

Прилагодувајќи се кон динамичните промени во општеството и предизвиците на новото време библиотеката „Браќа Миладиновци“ се транформира во мултифункционален информативен граѓански центар, којшто покрај редовното промовирање на книгата и збогатувањето на културниот простор на општината, нуди и многу други услуги наменети за граѓаните.

Новости

Здраво живо Баба Марта

Денес Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ беше домаќин на манифестацијата „ЗДРАВО ЖИВО БАБА МАРТА“ која е дел од програмата на одбележувањето на јубилејот - 1000 години Радовиш. Манифестацијата започна со настапот на нашиот кантавтор Јовица Илиќ со изведба на наградената композиција „Радовиш е само песна“ а веднаш потоа следуваше и

Прочитај повеќе

24-11-2018| ​ВО ТЕК Е ОДРЖУВАЊЕТО НА 45 КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ

По синоќешното свечено отварање на Карамановите поетски средби во Центарот за култура ,,Ацо Караманов", денес библиотеката „Браќа Миладиновци“ е местото каде е собрана поголама група на еминентни странски и македонски поети.

Прочитај повеќе

16-11-2018| Освоено трето место на Републичкиот натпревар по библиотекарство

На 16.11.2018 година во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар се одржа деветнаесеттиот Републички натпревар „Млади библиотекари“. На натпреварот учествуваа и се натпреваруваа 21 учесници од основните училишта на Република Македонија.

Прочитај повеќе

17.11.2018| Заврши единаесеттиот „Саем на книга 2018-Радовиш“

Заврши единаесеттиот по ред саем на книга, кој што Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш, го организира традиционално секоја година во рамките на Месецот на книгата.

Прочитај повеќе

06-11-2018| Општински натпревар Млади библиотекари 2018

Денес во просториите на Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш се одржа деветнаесеттиот по ред општински натпревар „Млади библиотекари 2018“ год. На натпреварот од пријавените 25 учествуваа 24 ученици од Основните општински училишта: „Никола Карев,“ - Радовиш, „Крсте Петков Мисирков“ - Радовиш, „Гоце Делчев“ - Конче, „Коста

Прочитај повеќе