• СОВРЕМЕН МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН СЕРВИС НА ГРАЃАНИТЕ СО КОМПЛЕТНА ТЕХНИЧКА ОПРЕМЕНОСТ И РАЗНОВИДЕН КНИЖЕВЕН ФОНД

  • ЦЕНТАР НА СИТЕ ЕДУКАТИВНИ ЗБИДНУВАЊА

  • ЧИТАЛНА И ДЕТСКО КАТЧЕ ЗА НАЈМАЛИТЕ ЧИТАТЕЛИ

  • ОДБЕЛЕЖАНИ 60 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕ И КОНТИНУИРАН РАЗВОЈ НА БИБЛИОТЕКАТА

Народна библиотека „Браќа Миладиновци“ - Радовиш

Прилагодувајќи се кон динамичните промени во општеството и предизвиците на новото време библиотеката „Браќа Миладиновци“ се транформира во мултифункционален информативен граѓански центар, којшто покрај редовното промовирање на книгата и збогатувањето на културниот простор на општината, нуди и многу други услуги наменети за граѓаните.

Активности

Новости

02-10-2018| Поетски портрет на Борче Панов

Во организација на Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш во присуство на голем број вработени во јавните библиотеки од Република Македонија кои присуствуваа на дводневната работилница „Дигитални библиотеки“ и пред љубопитната радовишка публика беше претставен поетскиот портрет на роднокрајниот автор Борче Панов.

Прочитај повеќе

​КРЕАТИВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА „ЦВЕЌЕТО ВО МАКЕДОНСКАТА ПОЕЗИЈА“

Во организација на Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ – Радовиш на 10 и 11 јули 2018 год. се одржа креативна ликовна работилница на тема „Цвеќето во македонската поезија и уметност“ која ја водеше познатиот ликовен уметник Живко Поповски – Цветин.

Прочитај повеќе

Креативна ликовна работилница за млади со Живко Поповски - Цветин

Во рамките на Радовишка летна културна сцена 2018, Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ Радовиш организира Креативна ликовна работилница за млади под водство на познатиот сликар - Живко Поповски Цветин. Со оваа работилница под мото „Цвеќето во македонската поезија и уметност“ библиотеката од Радовиш се вклучува во регионалниот проект

Прочитај повеќе

Светски ден на книгата на детето

Oпштинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци" - Радовиш го одбележа 2 Април - Светскиот ден на книгата на детето со промоција на книгата ,,Сонови и од нив приказни" на авторот и детски писател Виолета Ѓуровска. Промотори на книгата беа Горјан Петревски најчитаниот детски писател и Гордана Здравкоска - наставник во ООУ ,,Крсте П. Мисирков".

Прочитај повеќе

Oдбележување на јубилејот 60 години од оснивањето и постоењето.

ОНБ ,,Браќа Миладиновци” Радовиш, синоќа, со пригодна свеченост го одбележа јубилејот 60 години.

Прочитај повеќе